Денешното соопштение на СДС е само потврда дека тие се решени по секоја цена да го правдаат неспособниот министер за Здравство Таравари кој при готов проект, обезбедени средства и договорен изведувач, три месеци не отпочнува со изградба.
Незаконските разрешувања и именувања како и самоволието во овој период освен во администрацијата, ги гледаме и во јавните претпријатија и трговските друштва каде што се прекршувањата на законите се особено масовни.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сакаше да изгради нов современ клинички центар, тоа и ќе го направеше, но наместо нов Клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ остави само тараби пред кои лажеа Никола Груевски и Никола Тодоров.
Новата влада на СДС и Заев, продолжува со политиката на блокирање, уривање и укинување на проектите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги заврши или почна да ги реализира во предходниот мандат.
Назначените членови на Надзорен одбор, од 3ти август кои ги избраа на првата седница Ангел Папеш, Весна Павлов и Едмонд Калиќи дури по неколку обиди не беа впишани во Централниот регистар поради незавршени обврски од страна на еден од членовите кон институцијата.
Партизацијата, злоупотребата, уцените и притисокот врз вработените во администрацијата беше една од главните одлики на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓанин вработен во администрацијата или приватниот сектор платата од 25 000 денари месечно ќе треба макотрпно да си ја одработи. Тоа е така, доколку не сте му кум на генералниот секретар на Влада Драги Рашковски.
Референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.
На сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Ви го честитам големиот верски празник - КУРБАН БАЈРАМ, истакна Груевски.
Рашковски и Заев се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост. Со неа управуваат кршејќи ги законите и се водат само од лична корист и непотизам.