Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На 17.08.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Џ.Р.(36) од Германија, со моментален престој во Скопје, пријавил дека неговата ќерка Р.Р.(15) се оддалечила од домот со С.Н., со кого била во љубовна врска.
На 17.08.2021 во 17.38 часот во СВР Скопје, Б.Б.(20) од с.Коњари, скопско, пријавила дека во 16.00 часот, нејзините братучеди С.Ќ. од Љуботен и М.М. од с.Арачиново, со кои биле во нарушени односи, со употреба на сила влегле внатре и со дрвени предмети физички ја нападнале.
ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(50) од Свети Николе, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против И.З.(26) од с.Чешиново, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Против лицата, од кои седум се женски и две машки на возраст од 13 до 48 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител оценил дека постои основано сомнение дека осомничениот, на 8 август во населбата „Тризла“ во Прилеп, заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз 13-годишно дете.
Тетовската полиција открила дека две женски лица не ги почитувале решенијата за изолација да бидат и дома и заминале во угостителски објекти. Тие се откриени вчера во рамки на редовните контроли за почитувањето на решенијата од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација дома.
Поднесена е кривична прјава против дебранец кој опустошил дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, земјиштето го узурпирал и почнал бесправно да гради.