Денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода Д.А.(38) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но тој не го сторил тоа.
Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од ресенското село Горно Крушје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „загрозување на сигурноста“.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешки кражби“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид во шест викенд куќи во атар на селата Степанци и Смиловци, општина Чашка.
Триесет и едногодишен гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен дека извршил обљуба на малолетна девојка. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Попладнево околу 16 часот избувна голем шумски пожар во подножјето на Осоговските Планини, на околу еден километар над Кочани.
Од Обвинителство посочија дека според прибраните и документирани докази во текот на истражувањето е утврдено дека групата е формирана со цел стекнување на противправна имотна корист, има строго утврдена хиерархија и структура и се занимава со продажба на наркотична дрога и оружје.
Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.
На 27.07.2021 во 16.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.Н.(23) од Гостивар за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 236 и член 131 од Кривичниот законик