На 16.07.2021 во 13.50 часот од страна на полициски службеници на пунктот кај наплатната станица „Отовица" е лишен од слобода М.Ж.(36) од Скопје
Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата
20 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца за дури над 70 километри на час над дозволената
38 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената
Утрово околу 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Гостивар, на различни локации во Гостивар се лишени од слобода 7 лица, од кои 6 од Гостивар и 1 од Горна Бањица
Вкупно 12 интервенции во изминатото деноноќие имаа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани, главно за гаснење пожари на земјоделски површини
На 16.07.2021 околу 23.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“, при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба
На 16.07.2021 во 21.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар лишена е од слобода М.И.(27) од гостиварски Вруток, бидејќи при преглед кај неа, на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, бил пронајден и одземен кокаин
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возачи - почетници, 11 санкции за управување без возачка дозвола
Од сите пријавени инциденти со огнено оружје во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), онаму каде што е наведен и родот, во 98 отсто сторителите се мажи, се наведува во годишниот извештај за 2020-та на Центарот за контрола на малото и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа