На 16 март во 22:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за 36-годишната осомничена. За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.
Санкционирани се вкупно 87 возачи, од кои 41 за возење со поголема брзина од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.
Денеска (17.03.2021) во времето од 10,00 до 16,00 часот полициски службеници од ОБПС Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во областа на сообраќајот во населба Драчево во Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од с.Чифлик, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Осумнаесет лица од Куманово ја прекршиле забраната за движење од воведувањето на полицискиот час, од 10 март годинава, информираа денеска од СВР Куманово
Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“
Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Долна Лешница за кое постои сомневање дека сторило кривично дело „Фалсификување пари“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик