СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Вработена во јавното претпријатие „Колектор“ во Струга вчера на работното место била нападната од лице од струшкото село Калишта.
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 8:00 часот го лишиле од слобода Б.А.(51) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен простор на Градскиот пазар во Велес, кој го користела А.Ш.(62) од Велес, одзел предмети.
Родител на ученик во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга го нападнала психологот во училиштето.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Полициски службеници од Скопје вчера привеле 24-годишен возач, поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.
Полициски службеници денеска во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип - Кочани, кај село Долни Балван, општина Карбинци, го лишиле од слобода И.Д. (21) од Пробиштип, поради управување возило под дејство на алкохол.
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 15.20 часот ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.
Министерството за внатрешни работи објави видео од одземеното возило во Кавадарци поради создавање бучава.