На 13.11.2020 пријавениот пронашол платежна картичка во такси возило, сопственост на А.М. од Неготино, по што купувал разновидна стока и се стекнал со противправна имотна корист.
Денеска (18.12.2020) околу 15.40 часот полициски службеници од СВР Тетово- ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.З. (56) од с. Врапчиште, гостиварско, пред чија куќа била организирана свадбена веселба, на која присуствувале триесетина лица.
Полициски службеници од Полициската станица Карпош утрово во 04.30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје, го лишиле од слобода A.Б.(41) од с.Бардовци, скопско, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“.
Основното обвинителство денеска соопшти дека нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла му нанел тешки телесни повреди на едно лице.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поврзано со сообраќајната несреќа во Трубарево во која загинаа две лица
Повеќе од 40 часа се трага по исчезната 50-годишна прилепчанка. На прилепчанката Весна Николоска и се губи трагата откако околу 23 часот на 16 декември излегла од својот дом на, како што се вели, рекреативно трчање
Во СВР Велес вчера било пријавено дека настанал пожар на покривна конструкција на штала сопственост на 61-годишниот велешанец С.С. Шталата се наоѓа пред влезот на Велес, кон Крзнарската индустрија
Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Триесет и тригодишна жена пешак од Јегуновце е тешко повредена откако во неа удрило возило „Мерцедес“ управувано од 36 годишник на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот
К.И. бил приведен и спроведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава