Лицето е спроведено во Казнено поправната установа затвор Струга
На 10.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје.
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.11.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 569 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Наворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д (24) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.
На 09.11.2020 во 07.30 часот во СВР Штип, С.Т.(45) пријавил дека во текот на ноќта помеѓу 08 и 09.11.2020 со употреба на сила од два банкомата лоцирани во салон за мебел, во негова сопственост биле одземени пари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.К.(22) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Синоќа во 22.35 часот во Полициската станица-Кавадарци, 50-годишна кавадарчанка пријавила дека околу 22.30 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Д.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Е.(37) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.