Пожар зафати околу 2000 метри квадратни кај православните гробишта во тетовски Лешок денес после 12 часот. При пожарот нема повредени лица, информира тетовската полиција.
-По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. лишен е од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје
Полицијата изрекла 169 казни за неносење заштитна маска во изминатите 24 часа на територијата на целата држава
На 12.07.2020 во 19.45 часот во СВР Скопје, Н.С.(49) од Скопје пријавила дека пред продажен објект во трговски центар ул.„Љубљанска“, по претходно недоразбирање и вербална расправија, таа и нејзината мајка Р.С.(72) од Скопје биле физички нападнати од едно лице вработено како обезбедување.
На 12.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Е.К.(66) од с.Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, нејзините две внуки Ј.К.(14) и А.К.(16) се оддалечиле од домот.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 37 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „убиство“.
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе девет предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица кои сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик
СВР Куманово денеска по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група мигранти во заложништво, во напуштен објект пронајде 21 лице – мигранти.
Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.