Сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни беа зафатени од пожар што избувна вчера во местото Долг Камен во атар на село Калешовци
Пожарот кај тетовското село Седларево е локализиран, а под контрола се ставени пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово во општина Македонски Брод. Од Општина Бутел е побарано ангажирање на авоините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гасење на пожарот кај Љуботенски Бачила, информира ДЗС
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ
Во близина на патот Струмица-село Просениково вчера физички бил нападнат пожарникар, соопштија од ТППЕ Струмица
Поради насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, синоќа биле приведени две лица по фудбалскиот натпревар меѓу ФК Тиквеш и Борец во Кавадарци
Пожарникарите и од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат да не се пали оган на ливадите и во нивите, кој поради ветерот брзо се шири
Во скопскиот регион гори поголема површина нискостеблеста дабова шума и трње, во местото Љуботенски бачила, а пожарот поради ветерот се шири кон местото викано Башинец. Теренот е непристапен и побарано е да дејствуваат авионите на Дирекција за заштита и спасување
Меѓу струмичките села Куклиш и Свидовица избувна шумски пожар, кој засега не им се заканува на овие населени места
Како што информира Александар Чамовски од шумската полиција во Берово, во тек е акција за гаснење на пожарот кај месноста Материца во атарот на село Владимирово
Две куќи и дабова шума изгореле во пожар во близина на Струшкото село Октиси, соопшти денеска СВР Охрид