Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради незгодата во која возило „опел астра“ удри десетгодишно дете.
Во сообраќајка што се случила вечерва во 19:13 часот на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е повредено дете на возраст од околу десет години, потврди МВР за МИА.
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против српска државјанка за која постои сомневање дека украла накит од три куќи во Гостиварско во кои била гостинка, во вредност од околу 10 илјади евра.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи - истовар на цигли од товарно возило со кран.
Во Полициската станица Штип синоќа било пријавено дека во паркот „Суитлак“ на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ маж лежи на тревната површина од паркот и во рацете држи пиштол.
Во просториите на Македонската информативна агенција (МИА) ноќеска повторно имаше обид за кражба. Непознат сторител или сторители околу 2,30 часот насила влегле во една од канцелариите на Агенцијата, кршејќи дел од прозорецот.
Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди.
Машко лице денеска пукало во вработената А.Ѓ. во маркетот „Кипер“ во Чаир.
Уште една сообраќајка во која беше вклучен и моторцикл се случи во Скопје. Овој пат на булеварот „Партизански Одреди“ автомобил удри во моторцикл, а според станарите, истиот веднаш бил испратен со брза помош на некоја од клиниките.