Територијалната противпожарна единица од Охрид повторно е на терен, екипите гасат пожар на трска и нискостеблеста вегетацијата на потегот меѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.
Поголема површина, нискостеблеста дабова шума и стрништа се зафатени од пожарот што избувна вчера и се уште трае во Липковско, на Скопска Црна Гора, на потегот на село Никуштак до Влајин Гроб.
Во пожар во селото Дабиле, што избувна синоќа околу 20:30 часот, изгореа штала со добиток и машини, покрив од куќа и помошна просторија.
Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.
Кривична пријава поднесе плицијата во Кичево против Б.Д. (17) од Кичево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани дрон, автоделови, водомери, редуцири, прехранбени производи, алат, девизи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.
Шеесет и седумгодишниот пешак А.Р. бил тешко повреден синоќа во Кавадарци. Во него удрило непознато возило, управувано од непознат возач, по што го напуштило местото, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари за извршени две кривични дела – разбојништво и тешка кражба во текот на декември минатата година.
На 24 март околу 02:30 часот во полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на З.М.(56) во село Русиново, беровско, во моментот кога спиеле членови на неговото семејство.