– Во изминатиот 24 часовен период нема прекршување на полицискиот час на тетовското подрачје додека за неносење маски се казнети 8 лица, информираше денес тетовската полиција
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно четири лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.
Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Два инцидента бележи вчера тетовската полиција во кои нивни службеници биле мета на закани за физички напад како и неовластено снимање.
Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета
На регионалниот пат Градско – Неготино вчера околу 15 часот, патничко со возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 49 годишниот И.Ѓ.од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал
Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки
Две лица вчера се здобиле со тешки телесни повреди на патот Градско-Неготино и на Неготино-Демир Капија. За двата настана денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес