Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство – Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство – Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на местото викано „Осој“ во атарот на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот што се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“, пронашле човечки череп
Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје презеде мерки и активности и по добиена наредба од судија на претходна постапка изврши претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41)
Полицијата информира дека починал работник со иницијали Б.С (51) од тетовско село, кој се повредил при работа во фабрика во Скопје
Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки
По удар со шише, повредена е жителка на беровското село Смојмирово. Повредата Ф.Џ. ја заработила, откако по вербална расправија во дворното место, нејзиниот сопруг и го нанел ударот, по што бил пријавен во полиција.
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.М.(57), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.