Поведена е истрага за силување против косовски државјанин, кој во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе девет казнени налози со кои се опфатени вкупно 13 лица кои го прекршиле полицискиот час
Од МВР информираат дека вчера во 18,00 часот било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува с.Бојане со с.Ласкарци, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост
Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата
Доживотна казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево, информира портпаролот Стефан Димоски
Основното јавно обвинителство во Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое на 29 март 2020 година, за време додека во сила била забраната за движење, со велосипед се движело низ градот
Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поднесе предлози за издавање казнени налози за шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Тетово
Пред половина час на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат