Вкупно 29 лица во државата изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив се приведени 23, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи
На 23.04.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Битола, 44-годишна жена од Битола пријавила дека околу 14.00 часот во хотел во Битола, со употреба на физичка сила Т.И.(49) од с.Дедебалци, битолско, извршил обљуба над неа.
Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.
Полицијата вчера околу 16.30 часот, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привела В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.
Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица, осум кои не ја почитувале Одлуката за задолжителен државен карантин, а едно за движење во полициски час, соопштија од ОЈО Струга.
Тројца жители на с.Будинарци, Беровско, на 19 април го прекршиле полицискиот час, информираат од ОЈО Берово.
Штипското обвинителство поведе постапка за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи за време на прогласена пандемија, информираат од ОЈО Штип.
Двајца тетовци не го почитувале полицискиот час и без дозвола се движеле со возила низ Тетово, информираат од ОЈО Тетово.
Во акција на Шумската полиција и полициски службеници од Полициската станица во Радовиш денеска е откриен дрвокрадец, кој со запрега превезувал буково огревно дрво.
Велешкото обвинителство денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Велес