Седумдесет и шестгодишна жена е спасена од пожарот што избувнал во нејзината куќа околу 16 часот на улицата „Ристо Василески“ број 10 во Прилеп.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, соопшти Јавното обвинителство.
На скопските клиники почина едно лице, родено 1994 година, по тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи во Кавадарци.
Во Велес во периодот од 18 часот вчера до 09.30 часот денеска од тераса на кафуле на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Двајца млади се тешко повредени во сообраќајката што се случи во Кавадарци
Во Тетово се забележани собири на млади лица и покрај препораките на надлежните тоа да се избегнува
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до скопскиот Основен кривичен суд поднесе обвиненија против три лица кои извршиле кражби во одделни кривично правни настани.
Поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства 35 лица од Тетовско и Гостиварско ќе се соочат со кривична одговорност пред судот, откако полицијата ги открила со дрога во првите два месеца од 2020 година. Од нив 14 се од Тетовско, а 21 од Гостиварско.
Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на село Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојничка кражба, информираат од Јавното обвинителство
На крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во село Мирковци, вчера товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д. (57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи