Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип, што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.
По неколкуте пријави за измами во кои досетливи измамници од угостители и продавчи на цвеќе одзеле пари, од СВР Тетово информираат дека во тек се интензивни мерки и активности за расчистување. Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело Изнуда од член 258 став 1, како и обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик
Кај струмичкото село Куклиш синоќа околу 19:30 часот во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С.(43) од село Дорломбос, валандовско, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти и тоа 37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против правниот субјект ДПТУ „ТОКО“ ДООЕЛ Стајковски – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари.
По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Турција, на возраст од 45 и 19 години, за употреба на фалсификувани израелски пасоши
Со експлозивна направа, вчера околу 19.00 часот, е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичев
Педесетгодишната Г.С. вчера се здобила со тешки повреди откако паднала во отворена шахта на гробиштата Камник, во Скопје
Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино