Италијанската полиција уапсила Македонец, кој на новогодишната ноќ пијан тепал луѓе на улица во гратчето Диано Мартина, а при апсењето им поделил и по некоја клоца и тупаница на карабиниерите кои го апселе, пишуваат тамошните медиуми, дознава 24 Инфо.
Хрватската полиција соопшти дека на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска е запрен македонски државјанин кој возел 254 километри на час.
Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши разбојништво и силување во Струга.
Едно лице доби кривична пријава поради основано сомневање дека на 29 декември го убило сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево.
Како што информираат од полицијата вчера околу 20,00 часот во Скопје на улица „Македонско Косовска бригада“ додека А.Д.(36) седела во својот дом, од заталкан куршум кој поминал низ покривот се здобила со повреди констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
М.Ц. (40) од Скопје е тешко повреден откако ноќеска на булеварот „Јане Сандански“ бил удрен од патничко моторно возило „Мерцедес“.
Ф.С. (22) од Куманово е тешко повреден откако синоќа на крстосницата од улицата “100“ и улицата “146“ се удрил сопатничко моторно возило „Форд Фокус“ управувано од А.Б.(28), исто така од Куманово.
– Ф.И. (32) од Србија е тешко повреден откако ноќеска, управувајќи патничко моторно возило „Нисан“, излетал од регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–Ново Село, соопшти полицијата.
Шеесет и едногодишен жител на тетовско Долно Седларце почина откако на него налетал автомобил марка „БМВ“, соопшти полицијата.
Во куќа на улицата „Првомајска“ бр 51 во центарот на велешкото село Горно Оризари веднаш до џамијата, во голем пожар денеска околу 10:30 часот изгорел 80-годишниот Р. М.