Причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар во населбата Автокоманда ќе се знаат по обдукцијата.
Веќе осум дена нема никаква трага од младото 26 годишно момче Пинета Секондо- Пино. Неговата мајка Маја Трпковска на социјалните мрежи моли за помош за да го пронајде својот син, таа вели дека МВР работеле на случајот, но дека и една недела по неговото исчезнување ништо немаат откриено.
Според информациите на полицијата, против А.Н. (22) е поднесена пријава за кривично дело загрозување на сигурноста. Тој на 12 јуни оваа година, околу 23 часот, преку профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, чиј администратор бил, објавувал содржини со заканувачка содржина.
Во рамки на борбата со прекуграничен криминал, грчката полиција запленила 33 килограми канабис, во два одвоени случаи во Солун и Кукуш и уапсила три лица, кои според грчките медиуми, се македонски државјани, а дрогата ја внеле и ја пренесувале во Грција.
Три момчиња од кои две 13-годишни и едно деветгодишно украле возило „пежо“ од паркинг просторот кај Транспортниот центар во Скопје по што движејќи се утринава околу три часот по полноќ по булеварот „Илинден“ изгубиле контрола над возилото по што тоа се превртило во канал каде се изведувале градежни работи.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик.
Против 30-годишниот охриѓанец Б.Т. Секторот за внатрeшни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“ .
Околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци се уништени денеска во регионалната депонија Дрисла.
Против 22-годишна скопјанка поднесена е кривична пријава за тешка кражба на златен, сребрен накит и на мобилен телефон од куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје, со што се стекнала се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Четворица мигранти, државјани на Авганистан, се пронајдени при растовар на камион во круг на фабрика во Прилеп, соопшти полицијата. Тие во возилото се качиле најверојатно во Бурса, Република Турција.