Роднина на починат пациент претепал медицинска сестра на КАРИЛ, дознава Плусинфо неофицијално од извори на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје.
Вработен во „Брако“ вчера утро се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица.
Битолчанец со иницијали Љ.А. (61) е осомничен дека добил кредит од 1,7 милиони евра за кој заложил сопствен недвижен имот за кој прикрил дека е предмет на конфискација.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека вчера околу 12.30 часот на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес во стан сопственост на К.М.(77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебелот.
Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно пет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една било полесно повредено едно лице, а во три сообраќајки била причинета материјална штета.
Како што информираат од МВР, на 29 октомври годинава во периодот од 19:30 до 19:45 часот во кафе-бар на скопската улица „Кеј Димитар Влахов”, при згодна пригода пријавениот украл фотоапарат марка „никон”.
СВР-Битола соопшти дека од слобода е лишен битолчанецот Т.Б.(51 г.) поради сомнение дека е сторител на две кривични дела „кражба“.
Тешка сообраќајна несреќа вечерва после 19 часот се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево во близина на селото Подмоље.
Лицето кое утрово беше прегазено од товарно возило на пешачки премин во Делчево, со констатирани тешки телесни повреди е задржано на хируршко одделение при Клиничката болница во Штип. Како што информираше Марија Глигоровска, директор на делчевската амбуланта, лицето е задржано поради скршеници и крварење во штипската болница.
Девет танчерки и пејачки од кои шест странски државјанки по три од Албанија и Косово, затекле полициските службеници од СВР Куманово и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, при контрола на угостителски објект во село Слупчане, општина Липково, соопшти денеска СВР Куманово.