Шеесет и шестгодишен жител од Голема Речица починал попладнево околу 15.30 часот од повредите што ги добил во сообраќајна несреќа, соопшти МВР.
Седумдесет и петгодишната Д.С. вчера во 9.30 часот на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Скопје била измамена за 10.000 денари од непознато лице, а случајот таа го пријавила во СВР-Скопје вчера попладне.
Малолетник синоќа околу 23.30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид.
Петгодишно дете од струшкото село Долна Белица е повредено при удар од автомобил на локалниот пат во населбата Фериште.
Едно лице е повредено вчера во сообраќајна незгода меѓу автомобил и моторцикл во Струга.
Македонски државјанин е меѓу тројцата киднапирани и убиени лица во близина на Кабул рано утрово. Според првичните информации, тој работел за меѓународна компанија за храна и кетеринг.
Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против К.М. (20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно лице“.
Поради превртен камион сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце кај село Сиричино се пренасочува по локални патишта, соопшти АМСМ.
Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане - Царев Дол.
Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од февруари до јули оваа година на подрачјето на Радовиш, во селото Тополница, на место викано „Калкан Чешма“ на планината Плачковица и на место викано „Гладно Поле“, атар на Радовиш.