МВР го потврди настанот во кој струмичанец синоќа пријавил дека бил нападнат од четири лица, кои биле заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков во ресторанот „Подгорски ан“ кај селото Габрово.
В.К. (69) од Скопје доцна синоќа пријавил дека околу 19 часот додека го шетал кучето на неговата ќерка, бил нападнат од друго куче, непозната раса, со поголем раст, по што паднал на земја, а кучето го каснало за левата рака.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување случај на измама во кој Скопјанка е оштетна за 86.000 денари.
Десет мигранти, девет од Пакистан и еден од Непал, се пронајдени во возило „Опел Омега” кое завчера попладнето се движело кон граничниот премин „Богородица“.
Тринаесетодишник предивикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која покрај него повредени се уште две лица.
Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар.
Мотоциклист бил потешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во една била причинета материјална штета.
Пожар избувна доцна синојка кај новата зграда на Народната банка, која се гради до Министерството за надворешни работи.
На 09.05.2018 година во 16:20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Судир на полицијата со поголема група граѓани во моментов се случува во близина на Битпазар.