Триесет и едногодишен велосипедист е повреден ноќеска 30 минути по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Скопје кога во него удрило возило „мерцедес“, а возачот побегнал.
Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во седум биле осум лица полесно повредени. Во три сообраќајки била причинета материјална штета.
Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило. Лекарската екипа констатирала смрт.
Додека стоела на автобуската постојка на Бит-пазар, Ф.Ќ. ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска.
Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско.
Женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години, вчера било забележано по течението на реката Вардар, на место викано „Лагот“.
Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода.
Две лица биле полесно повредени во една од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет била причинета материјална штета.
Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец кој подолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал. Тој лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот.
Сочинети се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.