Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ѓ.Б. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување“.
Во моментот кога медицинска сестра давала медицинска помош на пациент, во ординацијата влегол нејзиниот невенчан сопруг Х.Б. од Скопје, кој почнал агресивно да се однесува.
На 13.06.2018 година во 18.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Ј. (44) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 17.45 до 17.50 часот на бул. „Партизански Одреди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Сеат Леон“.
Дваесет и осум годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев.
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје побрзо од дозволената брзина возеле 65 возачи, а 12 биле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи користеле мобилен телефон додека возеле.
Гром удри во куќа во селото Куклиш, но нема повредени и причинета е мала материјална штета.
Пет лица се полесно, а две потешко повредени во вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на Струмица кој изнајмил возило од рент-а-кар агенција и не го вратил.
При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја.
Кривична пријава е покрената против две вработени во ЈЗУ Општа болница Охрид поради „злоупоптреба на службената положба и овластување“.