Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе уште една кривична пријава против В.С. (51) од село Едерниково и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци.
При претрес во куќа во тетовското село Џепчиште полицијата вчера открила повеќе парчиња муниција и прибор за чистење оружје.
Малолетничка од Скопје 10 дена била киднапирана и физички малтретирана во домот на 26-годишен маж.
Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола.
Вкупно осум лица се полеснo повредeни во седум сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
На 28.05.2018 година во 10,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“ (т.н. пластичарска улица), Б.А.(34) започнал вербална расправија со сопственици на дуќан бидејќи му пречела изложената стока пред дуќанот.
Триесет и петгодишен професионален војник од Скопје се повредил вчера при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач.
Петгодишно дете било каснато во пределот на десниот образ од куче-скитник викендов во Скопје.
Дваесет и шестгодишниот А.Ц. половина час пред полноќ во Полициската станица Центар пријавил дека околу 22,20 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“ две непознати лица физички го нападнале, по што му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.
Седумдесет и шестгодишната Ц.Т. (76) вчера е пронајдена почината во нејзиниот стан во Кавадарци.