Албанската државјанка Л.М. (28) по полноќ била приведена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка по претрес извршен од полициски службеници од Полициската станица Тетово во угостителски објект во тетовското село Теарце, каде била вработена како пејачка.
Дваесет и шестгодишниот М.Ц. од Куманово рано изутрината во полиција пријавил дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа, при што било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот.
На 25.05.2018 година околу 10.30 часот во Полициската станица Драчево, И.Х (41) од с.Елово, скопско, пријавил дека на 24.05.2018 година околу 16 часот неговиот малолетен син видел како негов братучед го тепа неговото куче, кое подоцна починало.
На 25.05.2018 година околу 16 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на Граничниот премин Железничка станица Табановце инспекторот по животна средина Б.З.(43) од с.Слупчане, општина Липково, се здобил се тешки телесни повреди при струен удар.
На 26.05.2018 година во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Ј. (38) од Скопје пријавил дека на 25.05.2018 година околу 21.00 часот тој и неговата сопруга Т.Ј. (33) биле физички нападнати од нивен роднина Д.А. (31) од Скопје.
На 24.05.2018 година во Полициската станица Ѓорче Петров, А.М. (51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.25 часот на ул. „Воин Драшкоци“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ x5“ со скопски регистарски ознаки.
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.М. (34) и Р.В. (24) двајцата од село Сачево, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“.
МВР информира дека сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Кражбата во полиција ја пријавил вработен на бензинската пумпа.
Водачот на Меѓународната Еверест експедиција 2018 во која беше и гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков, англичанецот Тим Моусдејл, на социјалните мрежи преку кои известуваше за текот на мисијата, објави дека им биле украдени боците со кислород, објавува детали за последните денови на планинарот д-р Петков, порталот Гевгелија нет.
Безживотното тело на Гани Ш.(91) денеска нешто по 13 часот било пронајдено во водите на реката Вардар кај тетовското село Сараќино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.