Со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач на мотоцикл во две од вкупно девет сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.
Секторот за внатрешни работи-Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски (59) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Како што соопшти МВР, Б.Н. во периодот од 2011 до 2017 година, како сметководителка во сметководствено биро од Охрид, ја искористила својата службена положба и овластување и без знаење и одобрување од четири правни субјекти-клиенти на бирото од нивна сметка вршела плаќања на својата сметка.
Сообраќајната незгода се случила на крстосницата од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ со улицата „Крушевска Република". Возилото било управувано од страна на 47-годишениот Д.М.
Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета.
На ѕидот од канцеларијата за контакти со граѓаните на пратениците од СДСМ во Прилеп осамна испишан графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“. Случајот е пријавен во полиција и е направен записник.
Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.
Кавадарчанец вчера ноќта бил пронајден починат пред Здравствен дом Кавадарци, откако претходно пијан правел проблеми на вработените и одбивал лекарска помош, соопшти МВР.
Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Според првичните информации напаѓачот успеал да го удри со тупаници и шлаканици по телото и главата, по што си заминал.