Вкупно се контролирани 1234 возачи. 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци.
СВР Охрид ја потврди информацијата без притоа да даде детали за идентитетот на жртвата ниту за околностите по кој се случил инцидентот.
На 20.04.2018 година во 18,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12,00 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут).
На 20.04.2018 година во 20,50 часот во Скопје пријавено е дека на улица „Методија Шаторлов Шарло“ од балкон паднал Ѓ.Ч.(52) од село Велгошти, охридско.
Доцна вечерва кај поликлиниката Јане Сандански мртво тело лежи покриено на паркингот пред зградите во Аеродром.
Во 01,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 36-годишниот О.А. и пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот на булеварот “Партизански oдреди“ застанал со своето возило “Мерцедес Ц 200“ за да влезе во аптека и го оставил возилото со клучот внатре во него.
Баба го ставила малолетниот внук на бесправно изграден ѕид, за да не и го урне инспекција, по што заради надминување на проблемот бил алармиран Центарот за социјални работи од Кавадарци.
Во Струмица вчера околу 15.00 часот на улица „Славчо Стојменски" нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.
Едно лице велосипедист се здобило со тешки телесни повреди, седум со полесни повреди во 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.
Автобус кој превезувал 46 патници од Софија за Македонија изгоре на патот помеѓу Ќустендил и Ѓушево, во месноста Дервена. Нема повредени патници во пожарот во автобусот кој е сопственост на бугарска фирма.