Пожарот околу 11 часот гопријавил А.С., а на местото на настанот било интервенирано од страна на полициски службеници и Противпожарна единица Битола.
Како што соопшти МВР, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот бил пријавен од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.
Полицијата ноќеска, во два часот, во центарот на Крушево ги пронајде двете исчезнати лица од Пробиштип, Н.Т.(19) и нејзината 16-годишна сестра.
Пет лица се повредени откако патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, кој живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово во насока кон Куманово.
Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот.
Единаесетгодишно девојче било каснато од куче во Кавадарци, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Триесет и шестгодишен кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин, синоќа околу дваесет часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Пешак и возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки биле полесно повредени девет лица, а во четири била причинета материјална штета.
Шеесет и петгодишниот скопјанец Д.Б. кој пред неколку денови беше жртва на тешка сообраќајка што се случи на раскрсницата кај Соборниот храм почина изјавила доктор Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ, за Фокус.
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство", во близина на пазарот во Гостивар.