Д.Г. (52) од село Логоварди, Битолско, утрово го загубил животот откако во неговата куќа избувнал пожар.
Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје.
Основното јавно обвинителство Гостивар ги истражува причините за смртта на починатото лице, чие тело во распаѓање беше пронајдено над кичевското село Бигор Доленци, а врши и ДНК анализа за потврдување на идентитетот на починатиот.
Кривична пријава и 30-дневен притвор доби Д.З. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 22 часот синоќа до пет утрово спроведе контрола врз 304 возачи од кои алкотестирани биле 197. Кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното.
Во текот на вчерашниот ден во 12:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје В.К. пријавил случај на полов напад врз малолетник кој не навршил 14 години.
С.Д. (64) од кумановското село Тромеѓа, починал утрово откако врз него паднала плоча, додека работел на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“ во Куманово.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против струмичанецот М.К. (41) поради основи за сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Навивачите на Црвена Ѕвезда, популарно наречени Делии, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, се простија од нивниот пријател Драган Крстев, во навивачки дух, со навивачка песна и со запалени факели.
Издадени се 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.