МВР соопшти дека во првиот случај од 14 до 15 март годинава, во ноќните часови во кебапчилница на ул. „Маџари“ во Скопје, А.А. со употреба на погоден предмет го отворил прозорецот од објектот, влегол внатре, но не одзел ништо бидејки се вклучил алармот.
Сообраќајна несреќа во која учествуваа пет возила се случи утрово на булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Симпо“.
Еден сопатник и еден возач на мопед се потешко повредени во две сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје.
Вчера во 20.10 часот во Полициската станица Драчево, Е.Џ. (43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот во угостителски објект во нејзина сопственост на ул.„Бранко Заревски“, Ж.А. (28) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир.
Товарно возило комби се превртело на патот Градско-Прилеп меѓу селата Камен Дол и Сирково. Заради утврдување на евентуални повреди, возачот и совозачот биле пренесени во кавадаречката општа болница.
Дванаесет мигранти од Бангладеш и Судан кои по сообраќајната несреќа која се случи синоќа на патот Штип – Радовиш кај Бучим, а се сместени во Штипската клиничка болница се во добра здравствена состојба.
Денеска во 09.50 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, управувано од П.С. (44), вработен во МВР на РМ и седумгодишно момче, информираа денеска од СВР Куманово.
Основното јавно обвинителство од Радовиш издаде наредба за преземање дејствија за пронаоѓање на возачот кој вчера избега по сообраќајната незгода во која загинаа двајца мигранти, а повеќемина беа повредени.
Полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против малолетник од Кичево роден 2003 година поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“.
Автомобил марка „Форд галакси“ вчера излетал од коловозот кај селото Војница и удрило во земјен брег од десната страна при што со тешки телесни повреди се здобило едно лице.