Полицијата излегла на самото место и констатирала дека станува збор за 28- годишна девојка, која што од непознати причини се фрлила од Камениот мост.
Пет лица се полесно повредени во три од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
Украден „фолксваген голф“ би пронајден во реката Вардар, од каде вчера го извлекле пожарникарите. Вчера во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.
Во семејна куќа во Битола рано утрово избувнал пожар во кој, според првичните информации настрадале жена и 17-годишно момче, соопшти Јавното обвинителството.
П.А.(58) од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 16 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
И.Р. (22) од Скопје, денеска околу девет часот, управувајќи возило „Форд Ескорт“ на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола и удрил во карпа.
Како што информира МВР, вчера во 11:30 часот, Б.Н. (20) пријавила дека додека се движела во Градски парк била нападната од 5-6 кучиња скитници, од кои едното ја гризнало за левата нога.
Деветнаесет годишна скопјанка вчера била касната од куче скитник во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот се случил околу 21 часот на улицата Лука Геров каде 19-годишната К.М. ја каснала куче во пределот на потколеницата.
Силен звук, по кој следувал и голем пожар, вечерва ги вознемирил жителите на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.