Во семејниот дом во Струга, М.К. вчера ја пронашол својата седуммесечна ќерка без знаци за живот, по што пријавил во Полициската станица-Струга.
Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Федералниот суд во Бруклин во петокот го прогласи македонскиот државјанин Џеваир Аметовски за виновен за измама и продавање лични податоци од украдени кредитни картички преку веб-сајт наречен „кодшоп“, соопшти американското обвинителство.
Дваесет и четиригодишен жител на Арачиново, кој управувал комбе натоварено со огревни дрва, синоќа се обидел да и избега на полицијата во скопското село Кадино, а притоа и да ги прегази полициските службеници.
Полицијата синоќа уапсила мајка и ќерка кои физички нападнале полициски службеници пред амбасадата на БиХ во Скопје.
Двегодишно девојче од Охрид доцна синоќа е донесено на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид без знаци на живот.
Со помен парастос на православните гробишта во Челопек и на разурнатиот мотел Бриони, членовите на семејствата ја одбележаа 16-годишнината од загинувањето на Светослав Трпковски и Боге Илиевски.
На комеморативниот собир, заедно со роднините на загинатите, со минута молчење им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 15 години.
Кривичниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А. поради навреда на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“, јавува турската новинска агенција „Анадолу“.
Бактерија Salmonella enteritidis group D, со лабораториско испитување на копрокултура е детектирана кај 6 лица.