Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
На 25.12.2017 година во 12:00 часот А.Т.(21) пријавил дека на 23.12.2017 година околу 21:00 часот на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница.
Битолчанецот Д.Б. (39) кој издржувал затворска казна во КПУ „Идризово“ ноќеска починал во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, каде бил донесен откако му се слошило додека бил во неговата ќелија.
Против поранешниот градоначалник на Кочани Р.Д.(61) поднесена е кривична пријава од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, информираат од МВР.
Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К. при што го забележал легнат на земја и му кажал дека самиот пукал. М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата А.И.(36) од селото Режановце, кумановско.
Дваесет и тригодишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 3.13 часот во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје.
Вчера во 11:30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед.
Дваесет и пет лица се уапсени под сомнение дека се занимаваат со улична препродажба на дрога, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Годинава 122 загинати во над 7.300 сообраќајни несреќи во Македонија. Републичкиот завод за безбедност ги претстави податоците. Опфатен е периодот од јануари до ноември.