Педесет и две годишната професорка Снежана Тројачанец денеска е пронајдена мртва на местото каде што реката Серава се влева во Вардар.
По Косово, Македонија е втора земја од Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје. Најголем дел се жртви на семејно насилство, покажа компаративното истражување на Центарот за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа.
Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.
Снежана Тројачанец утрово е исчезната во Скопје, населба Тафталиџе.
Македонски и српски државјанин, двајцата со криминална позадина, се двете лица кои минатиот понеделник, 27 ноември, се обидоа да ограбат менувачница во Кисела Вода, при што беа убиени од нејзиниот сопственик, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).
Деветнаесетгодишна девојка е во животна опасност по сообраќајката на улицата „Борис Трајковски“ во која учествувала како сопатник, а уште двајца нејзини врсници со помали повреди се пуштени на домашно лекување.
Осомничените овозможиле лична корист за еден од нив, во висина од над три милиони денари, односно од ненабавени 160 диви свињи и 82 срни.
Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР.
Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека нивни екипи се на пат за интервенција.
Двајца од осомничените се гонат кривично за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, додека тројца се товарат за соизвршителство.