Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар – Тетово во близина на тетовската наплатна станица.
Од СВР Струмица информираат дека сообраќајката се случила во 6 часот и 45 минути на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувало товарно патничко возило марка „мерцедес“ со струмички регистарски таблици.
Возач на мотоцикл е тешко повреден во една од вкупно 16 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден во Скопје. Во 12 сообраќајки полесно се повредени 16 лица, а во другите три е причинета материјална штета.
Полицаец од полициската станица во Кавадарци вчера им се заканувал на претседателката на испитниот центар на Здружението на возачи – Велес и на уште еден вработен дека ќе ги убие со пиштол, а потоа и физички ги нападнал бидејќи неговата ќерка не го положила возачкиот испит.
Непознати лица ноќеска пометнале пожар на моторно возило „БМВ“ сопственост на А.Ј. (30) од Скопје кое е опожарено во предниот дел.
Абази заедно со уште две лица беше застрелан на 27 септември на булеварот „Слобода“ во центарот на Кичево. Во нив со пиштол пукаше кичевецот Абдула А.
Пешак е тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Во седум полесно повредени се девет лица, а во останатите седум е причинета материјална штета.
Четири лица се полесно повредени во три од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три е причинета материјална штета.
Причинета е голема материјална штета, за среќа нема човечки жртви ниту повредени. Цела покуќнина заедно со опремата во семејната пекара е уништена.
Пет лица се идентификувани и се повикани на разговор во полиција поради учество во вчерашната тепачка во општина Шуто Оризари, во која беше повреден Елвис Бајрам, актуелен градоначалник на општината.