На 13.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, Н.Ј.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Славка Димкова“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од две женски лица.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.А.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Полициски службеници од полициска станица Битола на 16.11.2022 во Битола го лишиле од слобода С.К.(38) од Битола, кој бил баран по судска наредба за казна затвор од две години.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопјанец изградил три објекти од цврста градба и базен без одобрени за градба во заштитено подрачје на охридското крајбрежје во атарот на селото Љубаништа.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи" по член 248 од Кривичниот законик.
Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“
Тетовската полиција информира дека приведен бил возач кој заминал од местото на сообраќајката во која повреден бил пешак