Турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Важен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп бил разрешен од должноста, поради тоа што против него се води истрага од страна на Министерството за внатрешна безбедност на САД за „тешки финансиски престапи“.
Долниот дом на гермнаскиот Парламент, Бундестагот денеска ја реизбра лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Ангела Меркел за нов, четврти, мандат на функцијата канцелар на Германија.
Луѓето што живеат во Финска се најсреќни, покажа последната класификација што Обединетите нации ја прават секоја година на оваа тема.
Тепачка во турскиот парламент се случи денеска меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј.
Американскиот претседател Доналд Трамп го смени денеска државниот секретар Рекс Тилерсон во момент на најавени преговори со Северна Кореја.
Во исто време, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе соработува со Велика Британија само доколку добие примероци од нервниот агенс за кој се верува дека го отрул Скрипал и неговата ќерка.
Претставниците на стариот континент не се во првата петорка, откако францускиот магнат Бернар Арно падна за две места, на седмата позиција во најновиот индекс на милијардери на Блумберг.
Диригентот на Метрополитен опера, Џејмс Левин, еден од најпознатите фигури во класичната музика, доби отказ откако истрагата пронашла докази за сексуално вознемирување и злоставување.