Лидерите на САД, Јапонија и Јужна Кореја ја осудија ракетната проба, која Северна Кореја ја изврши оваа недела и ја означија како „сериозна ескалација“.
Европскиот парламент денеска ја избра Марија Габриел за нов европкомесар за дигитална економија и општество.
Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска пред лидерите на Групата 20 индустриски најравиени економии дека милиони луѓе се надеваат оти Г-20 може да им помогнат во решавањето на светските проблеми, јави ДПА.
Демонстрантите нападнаа полициска станица во квартот Алтона, запалија полициски патролни возила и фрлаа запалливи средства во близина на железничката станица.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер објави дека „со нетрпение ги очекува“ денешните средби со светските лидери, меѓу кои и онаа со неговиот руски колега Владимир Путин.
Вкупно 111 припадници на германските безбедносни сили се повредени во текот на минатата ноќ и претпладнево во Хамбург, во судири со учесниците на протестите против Самитот на Групата 20
Група антиглобалисти нападнаа полициска станица во реонот на Алтона во Хамбург, каде денеска почнува Самитот на Г-20.
– Г-20 секогаш ги поканува Светска банка и ОН на седниците, додека Шпанија е постојан гостин. Други држави поканети од домаќинот овојпат се Холандија, Норвешка и Сингапур.
Преговорите на високо ниво за обединување на Кипар не резултираа со договор, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Самитот на Г-20 ќе ја потенцира изолацијата на САД во однос на климатските прашања, бидејќи многу земји се одлучни да продолжат да дејствуваат согласно Париската спогодба за климата, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.