Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази солидарност со Велика Британија и ги осуди „злите губитници“, кои стојат зад тој напад.
Венецуелскиот опозициски пратеник Педро Луис Кастиљо денеска соопшти дека демонстрантите во западниот дел на земјата ја запалиле куќата во која како дете живеел Уго Чавез, како и неколку владини згради.
Најмалку 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс.
Несигурноста на валутните пазари исто така ги поттикна луѓето да купуваат биткоин, а од април неговата вредност стреловито расте.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска при посетата на Израел истакна дека сега има „ретка можност“ за воспоставување на мир на Блискиот Исток.
Италијанската Влада усвои уредба со која се воведува задолжителна вакцинација на децата против инфективни болести.
Актуелниот ирански претседател Хасан Рохани победи на вчерашните претседателски избори во Иран, соопшти препладнево Министерството за внатрешни работи во Техеран.
Директорот на шведското јавно обвинителство одлучи да се откаже од истрагата за случаите за наводно силување за кое беше осомничен директорот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, јавува „Би-би-си“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска при собирот на бизнис лидерите во Истанбул наведе дека Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија.
Високиот официјален претставник на американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји предупреди дека Русија ги продлабочува напорите за да изврши „малигно влијание“ на Балканот.