Швајцарската влада денеска соопшти дека нема да ја промени својата долгогодишна политика за забрана на извоз на швајцарско оружје во трети земји и покрај зголемениот притисок од европските земји да го извезат во Украина.
Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска соопшти дека групата отворила 58 центри за регрутирање во 42 руски града, бидејќи неговите луѓе се на првата линија на битката за Бахмут во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Риши Сунак рече дека на Париз и Лондон им е потребен „нов почеток“ во односите.
Околу 500 мигранти кои се наоѓаат во брод на брегот на Сицилија чекаат да бидат спасени, ги предупреди денеска италијанските власти добротворната организација „Алармфон“.
Нападот врз молитвениот дом на Јеховините сведоци во Хамбург, во кој повеќе лица ги загубија животите, е последниот во серијата вакви инциденти во Германија во последниве години, по што денеска дел од јавноста бара заострување на и онака строгите закони за оружје во земјата.
Напаѓачот кој синоќа во Хамбург уби седум членови на заедницата на Јеховините сведоци, а потоа се самоуби, порано и самиот припаѓал на оваа заедница и имал дозвола за носење оружје, соопшти полицијата во Хамбург.
Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакираше клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите
Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак
Министерката за внатрешни работи на Молдавија, Ана Ревенко денеска во Брисел изјави дека земјата „е единствената што стои на патот на намерата на Русија да ја уништи европската стабилност“
Москва констатира дека нечија „видлива рака“ се обидува да додаде антируски елементи на ситуацијата во Грузија, иако поводот за протестите во земјата нема никаква врска со Русија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков