Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел разговараше со ерменскиот министер за надворешни работи Ара Ајвазјан за сериозноста на внатрешната политичка состојба во земјата и ги повика земјите на дијалог.
Кључевскаја Сопка на Камчатка еруптира, но за разлика од претходни ерупции, сега лава се излева од две пукнатини на подножјето на вулканот, која го топи глечерот Ерман
Драстичните мерки што Северна Кореја ги презема за борба против коронавирусот ги влошија човековите права и економските тешкотии на граѓаните, вклучувајќи ги и извештаите за глад, изјави Томас Охеа Квинтана, специјален известувач на Обединетите нации за човекови права во Северна Кореја
Поранешниот шеф на француската држава, Никола Саркози, кој вчера беше осуден во таканаречениот случај „прислушување“, денеска изјави дека е подготвен да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права и остро ги критикуваше судиите кои го казнија
Европската медицинска агенција (ЕМА) смета дека сè уште не е време да препорача промени во опсегот помеѓу две дози вакцини против коронавирус и покрај притисокот од земјите на Европската унија по позитивните податоци за нивото на заштита по една доза
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу телефонски разговарал со неговиот грчки колега Никос Дендиас и му изразил солидарност, но и подготвеност за помош, доколку биде потребно, по денешниот земјотрес од шест степени во близина на Лариса, објавија двајцата министри за надворешни работи на нивните Твитер профили
Извршната власт во Франција се надева дека „враќањето во нормалниот живот ќе биде можно кон средината на април“, дури и ако во меѓувреме има „тешки недели“
Властите во Мјанмар обвинјија пет новинари и еден фоторепортер на Асошиејтед прес за кршење на Законот за јавен поредок и ако бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени на три години затвор
Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот
Ерменската опозиција го отфрли предлогот за одржување предвремени парламентарни избори без претходна оставка на премиерот Никол Пашинијан, пренесуваат руските медиуми