Пакистанскиот Врховен суд денеска наложи ослободување од затвор на терористот Ахмед Омар Саид Шеик, кој во 2002 година беше осуден за киднапирање и убиство на американскиот новинар Даниел Перл.
Националната лига за демократија (НЛД), на притворената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи, денеска побара од армијата, која ја презеде контролата во земјата, ослободување на Аунг и признавање на изборната победа на НЛД на изборите што се одржаа во ноември минатата година.
Шест лица, од кои пет деца, се убиени денеска во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.
Полска со вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19 ќе ги вакцинира само лицата на возраст од 18 до 60 години, изјави денеска советникот на полскиот премиер задолжен за вакцинацијата, Михал Дворчик, врз основа на препораките на медицинскиот совет во земјата
Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ во спречувањето на зараза со коронавирусот е 91,6 проценти, покажува прегледот на резултатите од третата, доцна фаза на клиничките испитувања, објави меѓународното медицинско списание „Лансет“
На денешното закажано рочиште во судот во Москва судијата што го води процесот против Алексеј Навални на обвинетиот му забрани да зборува за политика и остро го критикуваше за неговиот настап, пренесоа руските медиуми
Вирусите не можат да мутираат ако не се размножуваат, кажа водечкиот американски имунолог и советник на американскиот претседател за пандемијата, д-р Ентони Фаучи
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска соопшти дека вонредната состојба воведена поради Ковид-19 на 8 јануари ќе биде во сила до почетокот на март во Токио и некои други региони
Шпанската Влада донесе одлука од утре па во следните две недели да ги ограничи авионските пристигнувања од Бразил и Јужноафриканската Република, земјите во кои се откриени новите, многу позаразни видови на коронавирус, соопшти денеска сајтот „Кадена Сер“
Во Велика Британија денеска почна тестирање на 80.000 луѓе од врата до врата во обид да се спречи заразата со така наречениот јужноафрикански нов вид на Ковид-19