Светската здравствена организација објави дека повеќе од седум милиони случаи на маларија се пријавени во Бурунди оваа година.
Шефот на турската полиција Мехмет Актас денеска изјави дека 100 лица се уапсени во рациите против терористичката Исламска држава, појаснувајќи дека таа група планирала напад
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека Алијансата поддржува повлекување на украинските и проруските сили од источна Украина, и истовремено ја повика Москва да се придржува до Договорот од Минск
Градежните работници во Холандија утрово создадоа огромен сообраќаен метеж на стотици километри автопати со своите камиони, багери и кранови во знак на протест против мерките за намалување на загадувањето со азот што ќе влијае на нивната работа
Официјално писмо во кое Грчката православна црква (ГПЦ) ја признава Украинската православна црква (УПЦ) испратил архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос до украинскиот митрополит Епифаниус, објавија грчките црковни медиуми
Новата Европска Комисија која требаше да стапи на функција на први ноември е заглавена, меѓу другото, поради Романија, каде властите не успеваат да се договорат за кандидат за комесар
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека парламентот на неговата земја ќе одговори на резолуцијата за геноцидот врз Ерменците на американскиот Претставнички дом на Конгресот, како и на предлогот за вовдување санкции кон Турција
Од утрово сите израелски амбасади и конзулати во светот се затворени, бидејќи дипломатите и воените аташеа се во штрајк поради долгогодишен спор со Министерството за финансии околу трошоците на дипломатските претставници
Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат
Младата активистка од Шведска Грета Тунберг (16) ја одби наградата за борба за заштита на животната средба, која ја доделува Нордискиот совет