Европскиот суд за човекови права денеска и наложи на Словачка да плати надомест од 50.000 евра на двојка со ромско потекло, чии тројца роднини биле убиени од полицаец што не бил на должност.
Околу 250.000 сириски бегалци би можеле да се вратат во својата разорена татковина во 2019 година, додека многу други се борат со проблеми со документи во „чие решавање би можела да помогне Владата во Дамаск, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).
Израелски војници застрелаа Палестинец, кој според полицијата се обидел да ги прегази со автомобилот во близина на градот Хеброн на Западниот Брег, информираат извори од палестинското Министерство за здравство.
Австриските власти денеска запленија 37,7 милиони евра, пари кои се сопственост на италијанската мафија.
Во архивите на Штази била пронајдена идентификациска картичка од источногерманска тајна служба на име на рускиот претседател Владимир Путин, кој во 80-те години на 20 век беше агент на КГБ во Дрезден, објави германскиот весник „Билд“.
Турција разговара со Обединети нации за истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мебљут Чавушоглу.
Агентката Марија Бутина е обвинета дека собирала информации и му ги пренесувала на еден руски функционер против кого американските власти годинава воведоа санкции, како и дека настојувала да воспостави врски меѓу американски политичари и Кремљ.
Четворица офицери на разузнавањето загинаа во самоубиствен бомбашки напад во западниот дел на Кабул. Нападот беше извршен во округот Пагман, едно од неколкуте побезбедни места во регионот на главниот град. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
САД го искористија тестирањето на балистичка ракета за да побараат од европските држави да ги следат во повторно воведување на санкции кон Иран.
Првиот семафор во светот, кој се наоѓа во Лондон, наполни 150 години. И покрај тоа што семафорот денес се зема „здраво за готово“, пред 150 години сите главни сообраќајни правци и крстосници биле регулирани од полицајци, за сето тоа да се измени во 1868 година, кога првиот семафор бил поставен во Лондон, пред Вестминстерската палата.