Тројца мажи ја украле една од најпознатите слики од импресионизмот, „Залив, море, зелени ѕидини” на Пјер Огист Реноар, непосредно пред таа да биде понудена на аукција во Виена.
Москва денеска ги негираше тврдењата на Украина дека Русија ги блокирала двете главни украински пристаништа во Азовското Море.
Проектот на кинеските научници за добивање генетски модификувани бебиња е запрен, по бурните негативни реакции од голем број светски научни центри, соопшти одговорниот за проектот, д-р Хе Џианкуј.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја доби својата овогодишна божиќна елха, јави ДПА.
Украинското Министерство за надворешни работи денеска упати протестна нота до Москва поради, како што се наведува, незаконските акции против морнарите од украинската морнарица, соопшти синоќа прес службата на Министерството.
Климатските промени го зголемуваат ризикот од заболувања на срцето и бубрезите, болестите од топлински стрес и други смртоносни болести поврзани со горештините, се наведува во анализата на британското медицинско списание „Д Лансет“.
Командантот на украинските поморски сили адмирал Игор Воронченко изјави дека Турција, која е членка на НАТО, треба да затвори теснецот Босфор за руски бродови, јави ДПА.
Двајца полицајци и една жена-цивил се повредени откако маж се обидел да земе 20 лица за заложници во тргоски центар во италијанскиот град Фјуџи.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика властите во Киев да покaжат воздржаност, откако украинскиот претседател Петро Порошенко го повика НАТО да испрати бродови во Азовското Море за да ја поддржи Украина во спорот со Русија околу Крим.
На средбата посветена на иднината на Сирија што се одржа во Астана, не беше постигнат видлив напредок околу прашањето за формирање на комисија задолжена за подготовка на новиот сириски устав, соопшти денеска Канцеларијата на пратеникот на ОН за Сирија, Стафан ди Мистура.