Вредноста на најпопуларната криптовалута во светот оваа недела забележа пад под 6.000 долари, што е најниска вредност на биткоинтот годинава.
Контролата на оружјето ќе биде една од главните теми на агендата на планираната средба на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, што ќе се одржи кон крајот на овој месец во Аргентина.
Интересот кон иновативните услуги на „Убер Технолоџис“ расте, но компанијата регистрира сериозна загуба во третиот квартал на финансиската година.
САД, покрај забраната за патување, денеска воведоа и економски санкции за 17 државјани на Саудиска Арабија, кои се осомничени дека учествувале во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на арапското кралство во Истанбул.
Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца, се повредени во сообраќајна несреќа во Германија, во која учествувале два автобуса и едно возило.
Група конзервативни пратеници поддржувачи на Брегзит, денеска информираа дека еден од нивните лидери, Џејкоб Рис Мог, поднел официјално барање за гласање недоверба на британската премиерка Тереза Меј.
Основачот на „Фејсбук“ им наредил на менаџерите на компанијата да користат телефони со оперативниот систем Андроид, како одговор на критиките на генерален директор на „Епл“, Тим Кук, дека оваа социјална мрежа ја нарушила приватноста на корисниците, тврди „Њујорк Тајмс“.
Властите на Саудиска Арабија се против барањето на Турција за меѓународна истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.
Јужнокорејските власти започнаа со отсtранување на контролните кули долж границата кон Северна Кореја, како дел од напорите за намалување на тензиите во време на затоплување на односите меѓу двете држави, јави ДПА.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека во моментов во Турција има 4,7 милиони странци, од кои околу 3,5 милиони се Сиријци.