Велика Британија во текот на март 2019 година ќе отвори воена тренинг база во Оман, како дел од нејзините напори за зајакнување на односите со сојузниците во регионот на Персискиот Залив, најави британскиот министер за одбраnа Гевин Вилијамсон.
Иран ги презеде неопходните мерки во банкарскиот сектор за да продолжи да тргува со своите партнери, и откако САД ги обновија санкциите против енергетскиот и финансискиот сектор на Техеран, соопшти гувернерот на иранската Централна банка Абдолнасер Хемати.
Британската премиерка Тереза Меј синоќа изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Европска унија е 95 проценти готов, додека најновата анкета покажува оти 54 отсто од Британците би гласале за останување во Унијата.
Шефот на германската служба за внатрешна безбедност Ханс-Георг Масен ќе мора да замине во предвремена пензија поради политички говор што го одржал зад затворени врати и во кој критикувал „наивна и левичарска“ политика на владата и навести дека размислува да влезе во политиката.
Неколку стотици граѓани на Европската унија кои живеат во Велика Британија и Британци кои живеат во ЕУ денеска направија човечки синџир пред седиштето на Владата во Лондон, барајќи да им бидат гарантирани правата ако не се постигне договор помеѓу Лондон и Брисел за Брегзит.
Полицијата го уапси Франческо Амато, кој денеска држеше заложници во пошта во италијанскиот град Пјеве Модолени.
Маж вооружен со нож зеде заложници во зградата на поштата во градот Пјеве Модолена, во северниот дел на Италија и бара средба со министрите за внатрешни работи и одбрана.
Белгиските власти размислуваат за можноста да ѝ доделат азил на Асиа Биби, христијанската Пакистанка осудена на смрт поради бласфемија во 2010 и која беше ослободена минатата среда по одлука на Врховниот суд во Исламабад.
Еврокомесарот за финансии и економија Пјер Московиси изјави дека на денешниот состанок на министрите за финансии на Еврозоната се очекува од италијанскиот колега, Џовани Триа, да ги образложи намерите и следните чекори на неговата Влада во однос на отфрлањето на италијанскиот буџет од страна на Брисел.
Европската централна банка (ЕЦБ) и ја одзема лиценцата на малтешката банка Пилатус поради сомнеж дека банката перела пари. Барањето за замрзнување е поднесено од малтешките финансиски власти.