Американскиот претседател Доналд Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за лекување на Палестинци во болници во Источен Ерусалим, соопшти претставник на Стејт департментот.
Преполн авион на компанијата „Бејби ер“ се урна во езеро во Јужен Судан, при што загинаа 21 лице, а тројца ја преживеаја несреќата, меѓу кои и едно шест годишно дете.
Канадската армија издаде наредба за користењето на марихуана меѓу припадниците на оружените сили на оваа земја.
Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи денеска на својата официјална веб страница повика за јакнење на оружените сили на земјата со цел да се „заплаши“ непријателот, во момент кога се зголемени тензиите со САД.
Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика синоќа граѓаните на Калифорнија да се мобилизираат за изборите и да и ја дадат власта во Конгресот на Демократската партија.
Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот.
Во Русија денеска се одржуваат избори на различни нивоа, во кои право на глас имаат 65 милиони луѓе.
Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.
Автомобил „фолксваген поло“ удрил денеска во група минувачи на булевар во Москва, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени, соопштија локалните власти.
Воена парада по повод 70-годишнината од постоењето на Северна Кореја се одржа во главниот град Пјонгјанг.